Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора.
Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајде несовесниот загадувач, а обувките да бидат собрани и донирани.
Локацијата на расфрлените чевли е на половина пат меѓу село Чучер и Горно Блаце, 500 метри под патот, наведуваат граѓаните.