Во седиштето на партијата, почна седницата на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ. Засега нема најави колку ќе трае состанокот во „Белиот дворец“, ниту пак официјална потврда за што конкретно ќе се разговара.
Она што го најавија е дека тема ќе бидат случувањата на политичката сцена односно петочното гласање во Собранието за отворање на Уставот.
Во пресрет на седницата на ЦК во јавноста кружеа шпекулации за можните правци во кои ќе се одвива вечерашниот состанок, меѓу кои едниот е дека ќе се разгледува евентуално исклучување на Сашо Мијалков од партијата бидејќи тој се поврзува со обезбедувањето на двотретинското мнозинство, а другата е дека едно од крилата во ВМРО-ДПМНЕ ќе побара оставна од лидерот Христијан Мицкоски.
- Милошоски: Мицкоски ја заслужи мојата поддршка
- Илија Димовски: Нема да учествувам во ниту една фингирана пресметка во ВМРО – ДПМНЕ
- Мијалков: Не сум влијаел врз Мицкоски, потребно ни е единство
- Вељаноски со поддршка на Мицкоски
- Демократска фракција го повикува Мицкоски да расчисти со криминалците