Агенцијата за лекови ќе добие заменик директор со годишни примања од 802.000 денари

577

Владата на денешната седница одлучи да ги усвои измените во Законот за лекови и медицински средства со кои се предвидува за првпат да се воведе функцијата заменик директор на Агенцијата за лекови и медицински помагала.

„Оваа потреба произлегува од обемноста на овластувањата на директорот и потребата од постојана присутност. За спроведување на законот, односно за обезбедување плата и други надоместоци за заменик на директорот, годишно ќе бидат потребни 802.000 денари“, соопштија од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...