Времето треба најдобро да се искористи, рече Палмер откако не се сретна со Мицкоски и Иванов

На средбата со Заев, рече тој, разговарале за Преспанскиот договот, за неговата имплементација, за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, како и за можностите за натамошна соработка меѓу Македонија и САД.

941

Немањето средби не е порака за нив. При секоја посета имате определено време и треба да направите избор како најдобро да го искористите времето. Јас сум разговарал со Мицкоски, тој испрати писмо кое јас внимателно го прочитав во кое ги изнесува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се сретнав со членови на парламентот, меѓу кои и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, рече американскиот заменик помошник секретар Метју Палмер одговарајќи зошто при неговата денешна посета на Македонија во неговата агенда нема средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов.

Палмер не сакаше конкретно да ги коментира ставовите на опозицијата, но нагласи дека САД цврсто ја поддржуваат Преспанската спогодба.

– Задоволни сме со исходот на гласањето. Тоа е глас за иднината и соработуваме тесно со Владата и со сите пратеници кои гласаа за да се спроведе целосно спогодбата, а потоа и Грција да ги исполни своите обврски – одговори високиот американски претставник.

Тој ја потврди поддршката од САД за која рече дека Македонија може да смета како што се движи напред кон зачленувањето во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.

На средбата со Заев, рече тој, разговарале за Преспанскиот договот, за неговата имплементација, за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, како и за можностите за натамошна соработка меѓу Македонија и САД.

Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...