Бучковски: Ќе има сериозни турбуленции во ВМРО-ДПМНЕ

4256

Тие што ги гледаат работите и ги знаат деталите ќе кажат дека Македонија направила клучен исчекор со постигнувањето на двотретинското мнозинство во Собранието, вели поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската ТВ Европа.

Бучковски ги коментираше и случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека на Македонија ѝ е потребна силна демохристијанска опозиција, но прозападно ориентирана. Сепак, тој смета дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе има сериозни турбуленции.

– За Македонија е битно да има конструктивна опозиција, но деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ која беше на дело во изминатите три месеци остави мал простор за компромис. Мислам дека ќе има сериозни турбуленции во ВМРО-ДПМНЕ. НаМмакедонија и треба сериозна опозиција и треба силна народна демохристијанска партија, но прозападно ориентирана. Вака мнозинството граѓани во Република Македонија кои се за ЕУ и НАТО во дејствувањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку месеци препознаа сериозно руско влијание – вели Бучковски.

Што ќе значат, според Бучковски, промените во уставот и како имплементацијата на Договорот од Преспа ќе се одрази на македонско-бугарскиот договор, можете да погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...