Арсенал на домашен терен уверливо го совлада Вотфорд со 3:0 во рамки на 30. коло од англиската Премиерлига и ја прекина серијата од три порази во низа.
„Топчиите“ поведоа уште во 8. минута со голот на Шкодран Мустафи и овој резултат се задржа до полувремето.
Во вториот дел Обамејанг го зголеми водството на 2:0, а Хенрик Микитаријан во 77. минута беше прецизен за конечни 3:1.
Мечот помина и во знакот на голманот на Арсенал, Петр Чех, кој не му дозволи на Дини да го реализира ударот од белата точка, но воедно стана и првиот голман во Премиерлигата кој на 200 натпревари ја сочувал сопствената мрежа.
Арсенал со оваа победа останува на шестата позиција.