Уште еден од фамозната шесторка од ММЦЦ (Macedonian Multiethnic Culinary Chefs), познато и како здружение на најдобрите македонски готвачи, е и нашиот соговорник, Бобан Симоновски.
Иако сите тие имаат слични приказни за своите почетоци и секој во свое време, учел во истото средно угостителско училиште „Лазар Таневски“ во Скопје, се помагаат помеѓу себе и се дел од истото семејство (ММЦЦ), го печеле занаетот во различни кујни и секој од нив има свој личен печат, своја специјалност, но и свои идеи и планови.
Шеф Бобан Симоновски е познат по својата рибја чорба која ја подготвувал на еден кулинарски натпревар во Ниш и тоа во количина доволна за цел Ниш, а сега, со ресторанот „Еквилибриум“ кадешто е шеф на кујна, се подготвува да влезе и во Гинис, но не со рибјата чорба, туку со огромната количина полжави кои планира да ги зготви.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.