Претседателот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи на средбата со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер разговарале за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес, соопшти ДПА.
– Претседателот Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.
На состанокот Палмер ја потврди целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ, стои во соопштението.