Утре (вторник), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од среда (24.10.2018 година) до недела (28.10.2018 година), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
И двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо“.
Возен ред за линија бр. 100 (Ново Лисиче-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15.00 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
Траса на движење: ул. „Февруарски поход“, бул. „В.С.Бато“, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул. „11-ти Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, бул. „Св. Климент Охридски“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
Возен ред за линија бр. 200 (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.
Траса на движење: ул. „Црногорска“, ул. „Кузман Шапкарев“, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.