Арнаудов: Немаше закани, ниту поткуп со пари за да гласаме

1044

Пратеникот Љубен Арнаудов, кој денеска е во суд за случајот „27 април“, рече дека немал никакви закани, нути пак понуда од пари со кои би бил натеран да гласа за уставните измени во петокот во Собранието.

– Доаѓаме да докажеме дека сме невини, немаше никакви закани или пари со кои би нѐ поткупиле да гласаме „за“ – изјави Арнаудов денеска пред Кривичниот суд.

Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.

– Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови – потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.

Пред почетокот на денешното рочиште Богдан Илиевски прашан дали се чувствува предаден, посочи само „сите ние сме браќа“.

Арнаудов заедно со уште шестмина пратеници од ВМРО-ДПММЕ во петокот вечерта по гласањето во Собранието беше исклучен од партијата.

Фото: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...