Норвежанецот Јоаким Рененберг, кој раководеше со операцијата „Телемарк“ во која нацистите беа спречени да произведат неопходни материјали за производство на атомска бомба, почина на 99 години.
Рененберг во 1943 година, во тогаш окупираната Норвешка, ја дигна во воздух нацистичката постројка за производство на деутериум (тешка вода).
Тој беше избран од британскито Директорат за специјални операции. Рененберг тогаш имаше 23 години и беше најмлад член на тимот што отиде зад непријателската линија.
Tимот на Рененберг имаше мали изгледи за успех. Претходната операција не успеа, а нејзините членови беа заробени и убиени. Членовите на тимот на Рененберг подоцна ја опишаа операцијата како самоубиствена.
Оперативците со скии и пешки стигнаа до постојката, каде поставија бомби, но Рененберг одлучи да ги скрати фитилите, со што беше намалено и времето за предизвикување експлозија, како и помалку време за бег.
Членовите на тимот бегајќи од нацистите поминаа стотина километри низ планински терен за да стигнат на безбедно.
Рененберг две недели подоцна успеа со скии да стигне до Шведска, која беше неутрална за време на Втората светска војна.
За славната акција на норвешките диверзанти се напишани многу книги, снимени се документарци и фолмови, меѓу кои е и „Operation Swallow: The Battle for Heavy Water“.
ФОТО: Твитер