Денеска облачно време со повремени врнежи од дожд, најпрвин во северните делови. Во текот на ноќта, врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 а максималната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, температура од 8 до 16 степени.
Во наредните два дена времето ќе биде постудено со повремени локални врнежи од дожд, особено утре. Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Повторно затоплување се очекува од петок.