МЗТ без тренерот Лукајиќ на гостувањето кај Морнар

125

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Жељко Лукајиќ, ќе го пропушти гостувањето кај Морнар во Бар во рамки на АБА лигата.

Лукајиќ поради семејни обврски морал итно да замине во својот дом во Србија, а него ќе го менува помошниот тренер Ѓорѓи Кочов.

Дополнителен проблем за МЗТ е отсуството на повредениот Бојан Трајковски, а Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ немаат право на настап.

Во меѓувреме од таборот на „штрковите“ замина и бугарскиот интернационалец Јордан Минчев.

На Кочов на овој натпревар ќе му помагаат и останатите двајца членови на стручниот штаб, Тино Даневски и Никола Велев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...