Ахмети му пиша на Коѕијас

1333

Со разочарување ја примив веста за твојaта оставка од Министерството за надворешни работи на Република Грција бидејќи веќе четири години работиме заедно за европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност, се вели во писмото што Али Ахмети, лидерот на ДУИ  му го испрати на екс министерот Никос Коѕијас.

„Нашата соработка беше природна бидејќи не соединуваат нашите геостратешки и геополитички убедувања не само за нашите земји туку и за регионот и пошироко,  волјата за решавање на прашањата помеѓу Скопје и Атина, но и согледувањата за односите со Албанија и Косово.

Сакам да ви се заблагодарам срдечно за Вашата голема посветеност и придонесот за мир, за затварање на прашањата со соседите  и за една Југоисточна Европа потполно интегрирана во НАТО и ЕУ.
Убеден сум дека нашите долги, пријателски и многу искрени разговори ќе продолжат со заедничкото ангажирање за вредностите кои ги делиме.
Ти посакувам здравје,  среќа и кај мене секогаш ќе најдеш отворена врата за да се остварат нашите убедувања за еден развоен и интегриран регион“, му пишува Ахмети на Коѕијас.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...