Вардар ремизираше без голови со Скопје, иако за разлика од претходните два натпревари „црвено-црните“ на „Железарница“ играа со сениорски тим.
Избраниците на Чедомир Јаневски влегоа како фаворити, но гледавме еден прилично здодевен прв дел од натпреварот.
По паузата и двата тима се раздвижија, меѓутоа и покрај неколкуте обиди на двете страни изостана реализација.
На останатите два натпревари од 23. коло во ПМФЛ кои се одиграа попладево без погодоци заврши и мечот во Охрид меѓу Победа и Академија Пандев.
Единствен натпревар со погодоци беше средбата во Кратово меѓу Силекс и Шкупи која заврши со резултат од 1:1.
Кратовчани поведоа со голот на Антонио Маркос во 11. минута, а во 42. минута Шкупи израмни со голот на Баже Илијоски.
Силекс освои еден бод и ја задржа големата предност во битката за третата позиција, која гарантира настап во квалификациите за Европа Лигата.