СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски

277

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски, кон
успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО, без разлика на партиската припадност – соопштија денеска од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија,  реагирајќи на прес-конфернцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од Центарот за комуникации на оваа партија нагласуваат:

– Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат
патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на националните и државни интереси – изјавуваат од СДСМ.

Во соопштението се нагласува:

-Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување, гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30. септември. Македонија се обедини околу врвните национални и државни интересе. Сега, кон таквиот историски успех треба да се приклучат сите кои се за НАТО и ЕУ, без разлика на на нивната партиска припадност. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО без разлика колку тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и антизападните марионети во врвот на ВМРО-ДПМНЕ – порачаа од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...