Заев: Мнозинството ќе расте, нема ништо болно, тешко и скриено во амандманите ВИДЕО

908

Премиерот, Зоран Заев денеска изјави дека нема против во уставните амандмани да се внесат барањата на неколкумина пратеници од опозицијата кои гласа „за“ во петокот. Според него тие барања не отстапуваат од Договорот склучен со Грција.

-Ќе седнеме заедно да ги скицираме нацрт амандманите. Веруваме дека можеме тоа да го сториме за помалку од 15 дена со цел да скратиме. Верувам дека во рамки на тие 15 дена ќе можеме навистина да се усогласиме и очекувам да расте мнозинството за поддршка. Како ќе ги отвораме амандманите така се повеќе ќе се потврдува дека нема ништо болно, тешко или скриено. Сите овие амандмани допрва ќе не фузираат и обединат – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...