Забрзано се работи на улицата Огњан Прица на која почна да се постила асфалт.
Град Скопје во изминатиов период ја почна изградбата и реконструкцијата на повеќе улици и булевари кои имаат оштетувања за да се овозможи побезбеден и поефикасен сообраќај.
Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски изјави дека улицата Огњан Прица е една од најоштетените во општината и затоа во договор со Градот одлучиле таа да биде меѓу првите што ќе се реконструира.