Лозаноска: Не е проблем што пратениците гласале, туку што беа жигосни како терористи

3455

Не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност, вели Јана Лозаноска, доктор на  науки при Универзитетот за мир на Обединетите Нации за порталот „Фактор“.

Лозаноска е категорична дека независноста на судството мора да се почитува, а без владеење на правото, како што вели, и сто договори од Преспа, нема да ја однесат Македонија во Европската Унија.

Таа потсетува дека правото е предуслов за евроинтеграциите.

-Може и сто договори од Преспа да поминат сепак државата нема да остане правна држава и демократија, само затоа што декларативно се мантра за влез кон ЕУ, без притоа суштински чекори да се преземат. Тие пред се опфаќаат борба со корупција, непотизам, градење на независно судство, медиуми јакнење на јавната дебата итн – вели Лозаноска.

Таа предупредува дека загрижувачки е што во општетството постои синдром на селективна правда и селективно сеќавање.

-Во однос на обезбедувањето на 2/3 мнозинство  не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност. Понатаму, најстрашно е дека има координација и дослух помеѓу извршната и судската власт. Тоа укажува дека независноста на судството е под знак прашалник, и дека судството работи според дирекции на извршната власт односно влада – вели Лозаноска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...