Шекеринска тврди дека нема поврзаност на гласањето на обвинетите пратеници со излегувaњето од притвор ВИДЕО

750

Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати, изјави денеска на прес-конференција министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска.

За пратениците кои непосредно пред седницата излегоа од притвор, а потоа гласаа „За“ рече дека двете работи не се поврзани и дека конкретни одговори за тоа може да се бараат во судовите.

– Факт е дека неколкутемина обвинети за настаните од 27 април, а коишто се пратеници, веќе подолго време имаа процес низ судството за да излезат од притвор, а потоа и од куќен притвор. Ситуацијата е различна – некои излегоа порано, некои излегоа подоцна. Никој не гледаше политика во тоа. Затоа што ние како политичари решивме да не се мешаме во работите на судството – и кога ни одговара, и кога не ни одговара. Затоа, би ве замолила и сега да не бараме политичка порака. Процесот на замена на притворите и куќните притвори траеше веќе подолго време и едното со другото навистина не беа поврзани. Мислам дека судиите и обвинтелствата се вистинската адреса да се поставуваат прашања и да се добијат конкретни одговори. Во ниеден момент, за ниту една политичка причина, ние не сакавме да користиме инструменти на притисок ниту во Обвинителството, ниту во судството. Мислам дека тоа ќе ја направи Македонија подобра правна држава и подобра држава -вели Шекеринска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...