Христијане, неколку паталци ти ја презедоа таа лудница од партија

6283

Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.
Нит водиш, нит се двоумиш, твродглав си и глуп, и сега вмровци ти викаат дека си ги предал.

Не ти ја бараат главата, барем не онаа на рамењата.

Си ветувал гаранција со имотот на партијата, ништо од тоа! Си ветувал закон за амнестија, и од тоа ништо.

Е Христијане, видиш, неколку паталци таму, кои се кајат и бараат повторно право да бидат примени меѓу својот народ, од аспект на разум веќе ти ја презедоа таа лудница од партија.

Време е за нормално ДПМНЕ, без ВМРО, без амнестија, кое ќе се покае, ќе се извини, ќе си плати за грешките, и ќе се врати да биде политичка партија, а не националистичко чудовиште или партиски Левијатан.

Од морален и идеолошки аспект, ВМРО на Груевски и Мицкоски е закопано, надминато, угасено, останува тоа да се санкционира и политички и нотарски.

Фејсбук статус

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...