Охриѓанец загинал, а петмина се тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид Кичево

530
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Тешка  сообраќајна незгода се случила ноќеска во 01,25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“. На местото на настанот починал Д.Р.(38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици, информираат од полицијата.

Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56)) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди се  здобил и А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...