Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување на штетни глодари на својата територија. Со истата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници, соопштија денеска од оваа општина.
Оттаму додаваат дека работните активности на терен ги извршила фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и Канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.
Локалната самоуправа спроведува акции за уништување на штетните глодари два пати годишно, напролет и наесен.