Барса потврди: Алкасер останува во Дортмунд

Тоа значи дека „жолто-црните“ ќе платат сума од 23 милиони евра, а уште пет милиони евра ќе влезат во касата на Барселона во форма на бонуси.

152

Борусија Дортмунд ќе ја искористи можноста да го купи за постојано напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер.

– Од Дортмунд нe информираа дека ќе ја активираат клаузулата за откупување на Пако Алкасер – изјави директорот за финансиските прашања на „Каталонците”, Оскар Грау.

Тоа значи дека „жолто-црните“ ќе платат сума од 23 милиони евра, а уште пет милиони евра ќе влезат во касата на Барселона во форма на бонуси.

Веста сѐ уште не е потврдена од кампот на лидерот на Бундеслигата. Според медиумите во Германија, Пако се договорил со шефовите на Борусија да остане во клубот до летото 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Шпанец се наоѓа во фантастична форма и само за 81 минута игра постигна шест гола во Бундеслигата оваа сезона. До синоќа тој беше лидер меѓу стрелците, но беше надминат од Лука Јовиќ, кој постигна пет гола за Ајнтрахт Франкфурт при победата од 7:1 над Фортуна Дизелдорф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...