Патник кој се возел во автобус број 7 на ЈСП вчера е повреден додека се симнувал од автобус.
Полицијата соопшти дека Д.З. (62) од Скопје паднал на тротоарот додека се симнувал на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот Партизански Одреди, бидејќи возачот ги затворил вратите пред тој да се симне.
„Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот“, соопштуваат од полицијата.
Случајот го пријавиле од Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што скопјанецот бил пренесен на преглед.