Деветнаесет годишниот С.С. од Свети Николе загинал, а неговата 16-годишна сопатничка била тешко повредена кога со автомобилот во кој се возеле излетале од патот и се забиле во дрво, утрово кај Свети Николе.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 1.20 часот, на регионалниот пат село Горобинци – Свети Николе кога С.С кој управувал со возилото изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.
При ударот возачот починал на самото место, а тешко повредена била неговата сопатничка. Таа по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Свети Николе.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.