Полицијата вчера во домот и помошни простории на Б.Е.(47) од Тетово, пронашла и одзела околу 200 грама хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
Како што соопшти полицијата, Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денов со соодветен поднесок тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.