Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот го поздрави синоќешното гласање во македонскиот Парламент.
„Прекрасни вести. Државништво пред партиски игри! Македонскиот Парламент со две третини гласаше за Преспанскиот договор. Огромен чекор напред кон ЕУ и НАТО. Честитки до Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и сите македонски пријатели“, напиша Рот на Твитер.