Ројтерс
Македонскиот парламент го одобри предлогот за промена на името на земјата, со што еден децениски спор со Грција се приближи на чекор до решавање.Овој потег би можел да ги деблокира понудите за влез во НАТО и Европската унија, долго време блокирани од Грција, која тврди дека „Македонија” имплицира територијални претензии кон една грчка провинција со исто име… Но, пречките остануваат пред да може да се формализира промената.
Асошиејтед прес
Пратениците во Македонија прифатија значаен предлог за измена на уставот, дозволувајќи земјата да го смени своето име и да влезе во НАТО. Сесијата беше одложена повеќе од 10 часа поради вжештена конфронтација. Социјалдемократската влада на премиерот Зоран Заев се бореше да ја добие поддршката од конзервативните членови на опозицијата потребни за постигнување на двотретинско мнозинство кое се бара во Парламентот со 120 места.-Заедно сме направиле историја денес, рече Заев. -Нашето патување кон подобра иднина, кон членство во Европската унија и во НАТО, само што започна … Ние ќе се залагаме за помирување и национално единство.Со силна поддршка од западните лидери, Заев води кампања за преименување на земјата Северна Македонија, решавање на долготраен спор со Грција, кој ќе овозможи земјата да влезе во НАТО.
Би-Би-Си
Македонскиот парламент гласаше за започнување уставна процедура што формално го менува името на земјата во Република Северна Македонија.Две третини од Парламентот – 80 од 120 пратеници – го поддржаа почетокот на процесот, потребно мнозинство за да го започнат тој потег.Грција соопшти дека повеќе нема да ги блокира ваквите потези ако дојде до промена на името.Грција, исто така, мора да ја поддржи промената на името доколку Македонија формално го промени својот устав.
Њујорк тајмс
Владата на Македонија обезбеди доволно поддршка од Парламентот за да одржи во живот договор за промена на името на земјата, потег што би можел да стави крај на горчливиот, децениски спор со Грција и да ја постави балканската нација на патот кон пристапувањето во НАТО.Парламентот гласаше со најтешките маргини за промена на Уставот за да ја преименува земјата како Република Северна Македонија, обезбедувајќи победа на владата на премиерот Зоран Заев и неговите западни сојузници.Навистина, патот напред се уште е комплициран и крајниот резултат е далеку од сигурен. Пратениците сега имаат рок од 30 дена да подготват амандмани на Уставот и тие мора да поминат пред договорот да биде пренесен во грчкиот Парламент, каде што треба да се надмине значајната опозиција.
Вашингтон пост
Пратениците во Македонија усвоија значаен предлог за измена на уставот, дозволувајќи земјата да го смени своето име и да влезе во НАТО. Сесијата беше одложена повеќе од 10 часа поради вжештената конфронтација. Парламентот на крајот гласаше за предлогот – клучен чекор во прифаќањето на договорот постигнат со соседна Грција во јуни.
Ал Џазира
Македонскиот парламент ги усвои уставните измени за да и овозможи на балканската земја да го промени своето име во Република Северна Македонија, како што беше договорено со Грција. Вкупно 80 пратеници во парламентот од 120 места гласаа за промена на името. Овој потег би можел да ги деблокира понудите на земјата за влез во НАТО и Европската унија, долго време блокирана од страна на Грција.