Нимиц: Ова е голем напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа

800
20130111 Friday 1316 nimic gruevski

Сакам да изразам големо задоволство за вечерашниот резултат во Парламентот, изјави за Гласот на Америка медијаторот Метју Нимиц.

– Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа. Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и на нејзиното лидерство конкретно за овој важен чекор – вели Нимиц.

Тој нагласува дека особено бил воодушевен од тоа како демократскиот систем функционирал ефективно и одговорно, како и од демократскиот дух на граѓаните.

– Се надевам дека останатите чекори ќе се одвиваат лесно за да се заврши овој процес. Ги охрабрувам сите политички лидери да работат заедно конструктивно да го финализираат договорот, и да продолжат со неговата имплементација – рече Нимиц и додаде:

– Во име на Генералниот секретар можам да ве осигурам дека Обединетите нации се подготвени да ви помогнат во овој процес, како и секогаш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...