Позитивни реакции од претставници на грчката влада за обезбеденото мнозинство

717

Министри од грчката Влада како позитивен и голем чекор го оценуваат обезбеденото двотретинско мнозинство за уставните промени.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, кусо откако беше соопштен резултатот од гласањето, на личните и официјални Твитер профили се огласија владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос, алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и министерот за дигитална политика Никос Папас.

– Се направи првиот голем чекор за да стапи во сила историскиот Договор од Преспа. Гордо продолжуваме за Балкан на мирот, пријателството и на соработката – напиша Ѕанакопулос.

– Добиено потребното мнозинство за уставни промени во ПЈРМ. Важен и позитивен чекор. Одиме напред – коментираше преку Твитер, министерот за дигитална политика Никос Папас.

– Се потврдува динамиката на Договорот од Преспа во корист на двата народи, но и на стабилноста во регионот – напиша алтернативниот МНР, Јоргос Катругалос и сподели линк со вонредната вест објавена на официјалниот Твитер профил на грчката државна телевизија ЕРТ во однос на резултатите од гласањето во македонското собрание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...