Не им простувам и не ги разбирам пратениците кои гласаа за. Вечерва тие на вонредна седница на Извршниот комите се исклучи од ВМРО-ДПМНЕ, рече на полноќната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој им се заблагодари на останатите пратеници кои не потклекнале на притисоците од власта, додека седумте пратеници кои гласаа за одлуката за измени на Уставот ги нарече уценети од премиерот Зоран Заев.
Мицкоски на пресконференцијата ги повтори имињата на пратениците кои гласаа за уставните измени и рече тоа се : Нола Исмаили, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Емилија Александрова.