Група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ испорачаа свои услови за да гласат за уставните амандмани

2583

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворањето на Уставот ја условија својата ната,ошна поддршка на уставните амандмани со неколку услови.

Соопштението именувано „Со верба во Македонија и нејзината иднина“  групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги поставија следните услови.

„Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. Бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.

Името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од тоа како ќе се реализира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена“, се вели во соопштението на група пратеници дистрибуирано непосредно пред почетокот на собраниската седница на која со 80 гласа „за“ се усвои пристапувањето кон промена на Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...