ВМРО-ДПМНЕ: МВР наместо да се бори со криминалот станува негово дувло

Според опозиционата партија, Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот.

383

ВМРО-ДПМНЕ бара докрај да биде расчистен случај  на злоупотреба на службената положба на советникот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Доколку се тргне од претпоставка дека Оливер Спасовски делумно ја говорел вистината на вчерашпната прес-конференција, првото прашање што се поставува е како неговиот советник за криминалистички работи имал увид во оперативните информации од отворените истраги? Кој му овозможил увид во тие информации? Како корумпираниот соработник на Спасовски знаел кон кого се применуваат посебни истражни мерки? Дали овие информации му ги давал неговиот претпоставен Оливер Спасовски и со која цел? Дали евентуално информациите ги знаел затоа што однапред, во тесен круг, политички се нарачувале истрагите и мерките? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозиционата партија, Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот.

-Вината за нападите врз полициските службеници се префрла врз пајаците, а најблиските соработници на министерот Оливер Спасовски собираат поткуп по целата држава. Приведениот е човек од доверба на СДСМ, кој беше едно од 15-те кадровските решенија согласно договорот од Пржино кои тогашната опозиција инсистираше да бидат поставени на функции во МВР – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...