Шведскиот амбасадор на Твитер: Владата изгледа го има потребното мнозинство

2024

Матс Стафансон, шведскиот амбасадор во Македонија на Твитер напиша дека во очекување на гласањето во Парламентот, изгледа дека Владата го обезбедила потребното двотретинско мнозинство.

– Вечерва во парламентот се очекува клучното гласање за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. По се изгледа дека Владата го има неопходното 2/3 мнозинство. Конечно тоа ќе ја отвори НАТО у ЕУ перспективата за Македонија. Многу новинарски извештаи за закани кон опозициските пратеници кои ќе гласаат „за“, напиша амбасадорот Стафансон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...