Работниците во „Еурокомпозит“ добија по 22.000 денари

Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години.

708

Вработените во „Еурокомпзит“ го добија надоместокот, а Владата роаботи на трајно решение,

Како што соопшти владината прес-службата на вработените во ова претпријатие им е исплатен надоместок од 22.000 денари.

Министерството за внатрешни работи е задолжено од Владата да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпзит“, да ги репрограмира обврските кон прептријатието како и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството.

„Министерството за внатрешни работи ја исполни својата обврска и изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите „Еурокомпозит“, со што е обезбеден надоместок од 22.000 денари за секој од вработените“, соопшти Владата.

Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката АД 11 Октомври Еурокомпозит, Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...