Дали ќе има двотретинско мнозинство за пристапување кон уставните измени ќе се знае на чинот на гласањето, вечерва во 21 часот, вели за Плусинфо висок функционер од власта.
– Заканите што им ги упатуваа на пратениците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеникот Антонијо Милошоски се причината за цел ден да се одложува гласањето. Сакаме вечерва да ја оддржиме седницата и гласањето. Единствено ако има непријатни околности за пратениците ќе одложиме за друг ден – вели функционерот.
Седницата за уставните измени е најавена за 21 часот.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, остануваат на ставот дека власта нема обезбедено двотретинско мнозинство.