Собранието како сточен пазар, напиша пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљкович на својот фејсбук профил. Тој ја опиша ситуацијата во Собранието, додека сите се во исчекување дали ќе почне пленарната седница на која треба да се гласа за почеток на постапката за уставни измени.
Седницата беше презакажана за во 15 часот, но еден час подоцна таа никако да почне.