Eврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер изрази увереност дека пратениците од сите полтички парии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните.
„Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните. Јас сум уверен дека пратениците од сите политички партии се свесни за огромната можност и одговорност со која се соочуваат денес. Сега е време да ги стават настрана партиските интереси и да дејствуваат во интерес на земјата и нејзиниот народ!“, порачува Јоханес Хан во пресрет на завршната дебата во македонското Собрание и гласањето за потребата од измена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET
These are decisive days f. the former Yugoslav Republic of #Macedonia. MPs will vote on the historic #Prespa agreement which opens the door to the country’s #euroatlantic integration. It is a vote about the future of the country + positive perspectives for its people. 1/1
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 19, 2018
I am confident that lawmakers of ALL political forces are aware of the huge #opportunity and #responsibility they are facing today. This is the time to put party interests behind and act in the interest of the country and its people! 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 19, 2018