Клучот на „Македонско село“ ја скрати и трасата на автобусот 28

407

Од понеделник (22.10.2018), линијата на ЈСП „Скопје“ со број 28 ќе сообраќа по изменета (скратена) траса од досегашната.

Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица „Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези („Македонско село“). На линијата ќе сообраќа минибус.

Причина за кратење на трасата е затворањето на комплексот „Македонско село“ (затоа се менува почетната станица), а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

Траса на линијата:

Терминал 4А-улица „Лондонска“, улица „М.Т.Гологанов“, улица „В. В. Чакаларов“, терминал 57 (Козле), терминал Горно Нерези (Македонско село) и обратно.

Зимскиот возен ред е следен:

Работни денови:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч, 16 ч, 17 ч, 18 ч, 19 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч, 16.30 ч, 17.30 ч, 18.30 ч, 20 ч.

Сабота-недела:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...