На затвореник во патика му нашле 40 паковки со прашкаста материја, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 19.35 часот во КПУ „Идризово“ при извршен претрес на Е.Љ. (27) од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 паковки со прашкаста материја и истите биле одземени – велат од МВР.
Се работи на целосно расчистување на случајот.