Обвинителство даде зелено светло да се одмрзнат пари на Секјуриком за плати на вработените

147

Обвинителството до судот доставило дека делумно треба да се одмрзнат сметките на Секјуриком за да може да им се исплатат плати на вработените бидејќи две фирми во оваа групација немаат доволно средства.

Ваквото мислење обвинителството го дало по барање на фирмата правен застапник на Друштво за обезбедување и услуги „Секјуриком мултисервис интернационал“ ДООЕЛ Скопје, трговските друштва „Секјуриком сервис“ и „АПС“ ДООЕЛ Скопје.

„Со оглед на тоа што два члена на групацијата „Секјуриком“ немаат доволно парични средства за целосна исплата на бруто платите, а со цел да не се загрози егзистенцијата на вработените и на нивните семејства, неопходно е од замрзнатата денарска сметка на Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мултисервис интернационал“ ДООЕЛ Скопје да се трансферираат парични средства на замрзнатите сметки на другите две правни лица за исплата на бруто плати за месеците јули, август и септември 2018 година“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...