Осум девојки приведени во локал во Слупчане

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

240

Во координирана акција на Секторот за внатрешни работи Куманово, крим полицијата, Државениот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во угостителски објект во село Слупчане се откриени девет девојки.

Три од нив се од земјава и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода.

Известен е Јавен обвинител.

МВР соопшти дека контролата е извршена поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...