Совет за етика: МИА да не ги открива изворите пред ВМРО-ДПМНЕ

815

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) остро реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, државната агенција МИА да ги открие своите извори.  

СЕММ потсетува дека едно од основните права, а понекогаш дури и обврска на новинарот е да го заштити својот извор. Тие упатуваат на Членот 4 од Кодексот на новинарите на Македонија каде што стои: „Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити“.

Македонија е потписник на сите релевантни резолуции на Советот на Европа за заштита на извори во рамките на слободата на медиумите. Улогата на политичките партии во една демократија во ниеден случај не смее да значи нивно мешање во работата на новинарите, а ваквите барања подразбираат отворен притисок и обиди за јавно дискредитирање на медиумот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...