СДСМ ги осуди нападите врз Селмани

СДСМ смета дека јавните личности мора да бидат внимателни во своето однесување и јавни настапи, и да имаат предвид дека од тоа како се однесуваат јавните личности зависи и мислењето за граѓаните за нив, по тоа ги проценуваат и вреднуваат.

465

СДСМ ги осуди нападите врз претседателот на ЗНМ од страна на Беќир Асани и неговиот брат.

Во соопштението Сцијадемократкиот сојуз на Македонија посочува дека осудува секаков вид на говор на омраза, навреда или понижувања врз кој било граѓанин на Република Македонија.

„СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности“, стои во соопштението.

СДСМ смета дека јавните личности мора да бидат внимателни во своето однесување и јавни настапи, и да имаат предвид дека од тоа како се однесуваат јавните личности зависи и мислењето за граѓаните за нив, по тоа ги проценуваат и вреднуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...