„After work“ конференција за ПР индустријата

333

На 25 октомври ќе се одржи првиот ПР Бар. ПР Бар е настан организиран од Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub кој има за цел да ја собере не само новинарската фела туку и сите оние кои се занимаваат со маркетинг и ПР.

Во улога на панелисти се најавени Марија Трајковска (Елемент ПР), Горан Михајловски (Сакам да кажам), Ангелка Пеева Лауренчиќ и Гоце Пачемски (Имиџ ПР), Миле Бошњаковски (Влада на РМ), Ели Пешева (Њу Момент), Бранко Героски (Слободен печат), Борјан Јовановски (Нова Тв), Александар Манев (Фактор портал), Елена Белевска (Македонски Телеком) и Ивона Петков Галиќ.

На агендата, меѓу другото, се темите „Тајните на ПР успехот“, „ПР и медиуми“ и „Кризен ПР менаџмент“.

Настанот е бесплатен за учесниците на Академија за маркетинг и ПР на Creative Hub. За останатите кои би сакале да присуствуваат има ограничен број на карти по цена од 799 денари кои може да се купат на shop.creativehub.mk .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...