Претседателот на Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол, ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собрание.
„Клучни одлуки треба да се донесат во ПЈРМ кои ќе ја одредат иднината на идните генерации. Опозоцијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО и треба да биде конструктивна во демократскиот процес“, напишавечерва Дол на Твитер.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е членка на Европската народна партија, но повеќе челници на ЕПП, вклучително и претседателот, изразија разочараност од однесувањето на нивната сестринска партија во процесот на имплементација на Преспанскиот договор.
Crucial decisions need to be taken in the former Yugoslav Republic of #Macedonia🇲🇰 that will be defining for future generations. The opposition has a big responsibility for the country’s EU-NATO path and need to be constructive in the democratic process.
— Joseph Daul (@JosephDaul) October 18, 2018