Кина го смени Уставот со кој се овозможува трет мандат за претседателот

Одредбата во кинескиот Устав за ограничување на претседателот беше воведена 1982 година, како една од реформите на претседателот Денг Шјаопинг, со цел да се избегне неограничена власт на водачите како во времето на Мао Цедонг.

194

Кинеското Народно собрание денеска донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати. Со оваа измена се отвора пат претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат.

Одредбата во кинескиот Устав за ограничување на претседателот беше воведена 1982 година, како една од реформите на претседателот Денг Шјаопинг, со цел да се избегне неограничена власт на водачите како во времето на Мао Цедонг.

Барањето на Си предизвика критики на Запад, и загриженост дека ќе се зголеми авторитарноста во рамкитена кинеската владејачка Комунистичка партија. Американскиот претседател Доналд Трамп на шега изјави дека идејата да се биде доживотен претседател не е така лоша.

Освен укинувањето на ограничувањето на претседателскиот мандат, уставните реформи му дозволуват на претседателот да формира комисии за правосудство и етика со кои ќе може директно да ја контролира работата на јавната администрација. Во досегашната антикорупциска кампања беа казнети над 1,5 милиони службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...