Пендаровски за преговорите со НАТО: Процесот ќе биде рутински

231

Мислам дека ќе поминеме рутински, бидејќи навистина имаме тука доста способни луѓе од сите министерства кои си ја знаат својата работа, изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски за стартот на завршната фаза од преговарачкиот процес со НАТО за членство во алијансата, кој почна денеска во Брисел.

– Тимовите дојдени овде од сите надлежни министерства и државни органи се подготвени многу одамна за ова. Само го чекавме моментот кој се случи во јули кога ја добивме поканата, да се отвори овој формален процес, оваа последна фаза, пред членство во НАТО – рече Пендаровски.

Тој објасни дека имале две сесии претпладне и две попладне, и дека така ќе биде и во текот на утрешниот ден. Пендаровски се пофали дека поминавме одлично.

– Сесиите беа брзи и ефективни затоа што Македонија е најдолго кандидат, кој чека 20 години. Со овој статус сме од 1999 година на Вашингтонскиот самит на НАТО, и од тогаш до денеска имаме најмногу, 19 годишни кругови на национални годишни програми за членство – рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...