Со измени на закон, медицинските сестри без работа ќе преминат во јавното здравство

Со измените ќе биде опфатена и можноста за преземања доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство.

509

Министерството за здравство информира дека подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа.

– За таа цел, во измените на Законот внесена е одредба согласно која медицинските сестри кои ќе останат без работа да бидат преземани во јавни здравствени установи. Овие законски измени ќе влезат во процедура во текот на следната недела. Во моментов се извршуваат пошироки консултации со сите релевантни чинители кои се засегнати од законските одредби – се вели во соопштението.

Со измените ќе биде опфатена и можноста за преземања доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...